Често поставувани Прашања
Како можам да закажам консултација?
Консултација можете да закажете преку нашиот контакт формулар на веб страната, телефонски или преку е-пошта.
Дали мојот случај ќе биде доверлив
Да, сите информации и документи се третираат како строго доверливи, согласно законските стандарди и етичките правила на адвокатската професија.
Колку чини консултацијата?
Цената зависи од видот и сложеноста на случајот. За првата консултација обично се нуди бесплатна сесија за проценка на случајот.
Дали застапувате и во судски спорови?
Да, нашиот тим обезбедува целосно застапување во судски постапки, вклучувајќи подготовка на документи, адвокатско застапување и консултации за стратегија на случајот.
Колку време трае решавањето на еден случај?
Времетраењето зависи од видот и сложеноста на случајот, како и од судските процедури, но секогаш ќе ве информираме за очекуваните рокови.
Дали можам да добијам правен совет онлајн?
Да, нудиме консултации преку повик, е-пошта или телефон за соодветна награда преку електронско плаќање, за Ваша удобност и заштеда на време.
Како знам дали мојот случај има шанса за успех?
По првата консултација, ќе добиете реална проценка на можностите и ризиците на вашиот случај од нашиот стручниот тим.
Дали моите документи ќе бидат безбедни?
Да, сите документи се чуваат и обработуваат според највисоките стандарди за безбедност и доверливост.
Дали нудите услуги и за компании?
Да, нудиме правни услуги за бизниси и компании, вклучувајќи трговско право, договори, трансформации и решавање на корпоративни спорови.
Дали нудите помош при подготовка на документи и договори?
Да, нашиот тим подготвува, прегледува и советува за сите видови договори и правни документи, обезбедувајќи точност и правна заштита за вашите интереси.
Висококвалификувани адвокати
Нашиот тим го сочинуваат висококвалификувани адвокати со лиценци и обука во најразлични правни дисциплини, посветени на обезбедување најдобри решенија за вашите потреби.
Преку 10 години искуство
Со повеќе од 10 години искуство во различни области на правото, обезбедуваме стручно и сигурно застапување за секој клиент и секој правен предизвик.
Награди и сертификати
Нашата работа е призната со бројни награди и сертификати, кои ја потврдуваат нашата експертиза, посветеност и успешност во правната професија.
Катерина - Орхан
